понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Џон Мекинро отворено: Проблемот на Ѓоковиќ е многу поголем отколку што се чини!

Еден од најдобрите тенисери на светот, сега пензиониран Џон Мекинро, ја коментирал состојбат на двајцата играчи кои минатата година „дрмале“ со светскиот тенис…

Ѓоковиќ доминирал со светскиот тенис се’ до минатогодишниот Ролан Гарос, кога ги коплетирал грен слемовите, а оттогаш само на моменти го покажувал стариот сјај. Енди Мареј го наследил српскиот играч на врвот на АТП листата, кон крајот на минатата година, но во текот на оваа сезона не играл ниту приближно така добро. И двајцата поради повреда порано завршиле со настапите, а на терените ги очекуваат дури во почетокот на наредната сезона.
Во големо интервју за шпанска „Марка“, на прашањето што е причината за падот на формата кај Ѓоковиќ и Мареј, односно, дали е тоа причина на телесни или ментални проблеми, легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро изјавил:

-Тешко е да се каже, секој од нив е индивидуа за себе. Вистина, не сум баш близок со нив па и не можам да знам што се крие зад нивните проблеми. Меѓутоа, изгледа дека проблемот на Мареј е физички, а на Ѓоковиќ ментален. Она што е единствено вистина е фактот дека повредата може да влијае на вашето ментално ниво, но и обратно, изјавил тој.

Мекирно доста остро ги коментирал одлуките на Ѓоковиќ за промена на тренерот Бидејќи, откако му се заблагодарил на Борис Бекер, Ѓоковиќ се ослободил и од комплетниот стручен тим на чело со Марјан Вајда кој со српскиот тенисер бил практично од почетокот на кариерата.

-Ме изненадија тие негови одлуки бидејќи кога победувате не ја менувате победничката формула. Промената на комплетниот стручен тим е просто неверојатна и не сум сигурен зошто Новак се одлучил на ваков чекор, заклучил Мекинро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top