понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

И приватниот живот на убавата Ајшеѓул бурен како на филм

Триесет и седумгодишната Бурчин Терзиоглу, која ја игра убавата Ајшеѓул од хит серијата на Сител „Мојот син“, е многу популарна актерка во Турција, а со улогата на симпатичната ќерка на мафијашот Бахри Уман, ги освои срцата и на нашата публика.
Во голема акција на турската полиција за сузбивање на производство и трговија со дрога, Бурчин, која тогаш беше во брак со Мурат Јилдирим, на македонската јавност познат како Саваш од „Љубов и казна“ или Демир од „Аси“, беше упасена заедно со сопругот, но и многу други турски актери. Во истата акција зад решетки заврши и Кенан Имирзалиоглу, познат во  Македонија по улогата на Езел во истоимената серија.

Саваш и Езел со по минимум 6 години затвор за дрога

Бурчин и Мурат ненадејно се разделија во јуни 2014 година, на седумгодишнината од нивниот брак. Тој се прежени со убавата актерка Имане ел Бани.

Се ожени Саваш, ова е неговата сопруга (Фото)

Филмската љубов на Ајшеѓул и Појраз од снимањето на серијата „Мојот син“ се пренесе и во вистинскиот живот, па пред две години медиумите шпекулираа за врската на Бурчин и Илкер и дадода се од себе да ги фатат заедно Бурчин и Илкер Калели. И ги фатија.

Бурчин и Илкер (33) се запознале на снимањето на серијата, која во Турција се вика „Појраз Карајал“, во септември 2014 година, а таблоидите почнале да штекулираат дека се во врска уште во декември истата година. Сепак, тие ја чуваат својата врска далеку од очите на јавноста. Официјално, во врска се од 2015 до денеска.

Top