понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Британскиот тенисер Данел Еванс суспендиран на една година

Британскиот тенисер, Данел Еванс е суспендиран на една година откако бил позитивен на тестот за допинг, соопштува Меѓународната тенисерска федерација.

Еванс бил позитивен на тестот за кокаин, кој го направил уште на 24 април оваа година во Барселона. Неговата суспензија ќе важи до истиот датум следната година.

Во соопштението е наведено дека Еванс веднаш го признал престапот кој го направил. Тој исто така објаснал и на кој начин стигнал кокаинот во неговиот организам. Како што било објаснато, кокаинот бил во истата торба во која ги добивал лековите што морал да ги пие од 20 до 24 април.

Овој 27 годишен Британец мометнално го зазема 102 – то место на ранг листата на АТП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top