среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Фејсбук воведе нова опција: Проверете како ќе се логирате од сега

Facebook наводно тестира сопствен систем кој ќе ни овозможува најава во нашиот профил со препознавање на лице. Facebook потврди за Tech Crunch дека тестирањето е во тек.

Како што е вообичаено, новата опција во периодот на тестирање е достапна на ограничен број корисници. За сега, претставува само помошна алатка за враќање на контролата над корисничкиот профил во случај кога, да речеме, го има преземено хакер.

Ова не значи дека од Facebook ќе исчезнат сегашните мерки за заштита како двостепената проверка или пријателите кои можат да го потврдат вашиот идентитет. Новата опција ќе служи како уште еден начин на докажување дека вие навистина сте сопственик на корисничкиот профил, пишува Tech Crunch.

Top