недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Коневски на средба со „Полио плус“: Aеродром ќе добие Дневен центар за деца со пречки во развојот

Кандидатот за градоначалник на Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ и се уште актуелен градоначалник на општината, Ивица Коневски, денеска беше во посета на невладината организација „Полио плус“. Како што информирае тој, на средбата се разговарало за продолжување на соработката со оваа организација, но и нејзино продлабочување преку отворање на Дневен центар за деца со пречки во развојот во Аеродром.

– Разговаравме за отворање на Дневен центар за деца со пречки во развојот во Општина Аеродром во соработка и координација со невладината организација „Полио Плус“. Тие ќе имаат советодавна улога, со цел центарот да биде направен согласно потребите на дечињата со посебни потреби, кои ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот од стручен кадар, информираше Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top