петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Дванаесет годишната Миа сруши државен рекорд во пливање

Пливачката Миа Блажевска Еминова (12) членка на ПК БЕТА на меѓународниот пливачки митинг “1st STEP Open 2017” во Приштина постави нов државен рекорд на 50 метри грбно за постари пионери со време 33:85 секунди.

Миа Блажевска Еминова предводена од тренерот Илија Стојановски успеа на два пати на овој меѓународен турнир , најнапред да го собори рекордот кој десетина години го држеше Елена Матовска (34:75 секунди) со време 34.25 секунди, а потоа и да го подобри сопственото време 33:85 секунди.

Пливачкиот митинг “1st STEP Open 2017” се одржа во викендов Приштина на кој покрај домаќините учество земаа пливачи од Бугарија, Албанија и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top