среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Репрезентацијата на Каталонија VS репрезентацијата на Шпанија (ФОТО)

Каталонската влада објави дека на неделниот референдум за независност на Каталонија излегле околу 2,26 милиони луге, од кои 90 проценти гласале за независност на таа североисточна шпанска покраина, а претседателот Карлес Пучдемонт кажа дека после референдумот „остварено е правото на Каталонија да биде независна држава во облик на република“. Доколку дојде до тоа, таа ситуација и тоа како ќе има влијание на фудбалската карта на Шпанија, но и пошироко. Сосем е јасно, Каталонија би добила своја фудбалска репрезентација која би повлекла играчи од моменталната шпанска репрезентација.

Доколку прогласат независност, вака би изгледал потенцијалниот состав:

Најинтересна во овој момент е ситуацијата на Кико Касиља, резервниот голман на мадридски Реал. Веројатно ќе мора да го промени клубот. Очекувано доминираат играчи на Барселона, дел сегашни, дел поранешни, како Фабрегас, Тељо, Бартра…

Каталонија својот последен натпревар го одигра во 2016 и ремизираше 3:3 со Тунис, а право за настап за нив би имал и Балде Кеита од Монако, кој е Сенегалец но е дете на Барселона. Пократ тоа, го имаат и Србинот Бојан Кркиќ, на кого Србија му нудеше шанса да заигра за нив, но тоа беше одбиено од страна на Бојан.

Репрезентацијата на Шпанија би претрпела големи загуби, но кога ќе го погледнете нивниот состав, тој повторно делува доста силно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top