недела, 18 ноември 2018 | Вести денес: 39 ново

Хулиганите на Легија Варшава ги претепаа играчите: Доколку не почнете да победувате, ќе бидеме побрутални

Голема криза го тресе варшавскиот великан кој испадна од Лигата на шампионите во првото квалификациско коло, откако на патот му застана казакстанска Астана, за потоа во Европа лигата да доживе дебакл од молдавскиот Шериф.

Очајните игри продолжија и во националното првенство на Полска. Легија е на осмата позиција со шест бодови помалку од Горник. Ситуацијата требаше да ја поправи новиот тренер Ромео Јозак, но против Лех Познањ немаше никакви шанси.

-Чувствувам дека играчите ги предадоа навивачите. Ова е игра за мажи, а не за девојчиња, бесно изјави Јозак по дебаклот во Познањ, кога и се случи инцидентот со навивачите на Легија. На клупскиот паркинг пред стадионот на Легија, група понасилни навивачи ги повикале играчите да излезат од автобусот. Мислејќи дека ќе разговараат, фудбалерите го напуштиле автобусот, но наместо со разговор, биле пречекани со шлаканици. Тренерот Јозак се спасил така што избегал пред хулиганите да стигнат до него, пишуваат полските медиуми.

За среќа, никој од играчите нема сериозни повреди освен модринки по главата. Хулиганите се заканија дека ќе бидат уште побрутални ако Легија не почне да победува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top