вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Хелен Мирен и Џејн Фонда ѕвезди на Модната недела во Париз

Актерките Хелен Мирен и Џејн Фонда, од кои едната има 72 години, а другата 79 години, беа главни ѕвезди на ревијата на „Лореал“ во склоп на Модната недела во Париз.

Двете легендарни актерки зачекорија на пистата како дел од дефилето за женска облека од колекцијата пролет/лето 2018. И двете дами изминатите години биле дел од кампањите на „Лореал“.

Мирен чекореше облечена во широки сиви панталони, црн капут на закопчување и бастун со кој повремено покажуваше кон некој од публиката.

Џејн Фонда пак, носеше долг фустан со тигарски принт и додека чекореше по пистата го сигнализираше знакот за мир.

Top