среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Нема да има трет дел од „Сексот и градот“

Иако улогата на Саманта Џоунс и донесе планетарна популарност, Ким Катрал е главната причина поради која нема да се снима третото продолжение на филмот „Сексот и градот“.

Како што откриваат блиски извори, продукцијата не можела да излезе во пресрет на барањата кои ги поставила Катрал.

– Ги гледам старите фотографии од снимањето на ’Сексот и градот’. Имав голема среќа да ја играм Шарлот и да поминувам низ нејзините успони и падови. Точно е дека нема да има трето продолжение. Сакав да има и на убав начин да ја заокружиме целата оваа приказна. Многу ме фрустрира тоа што нема да може да реализираме едно прекрасно сценарио. Затоа ќе имаме спомени – напиша на инстаграм Кристин Дејвис, која ја толкуваше улогата на Шарлот.

 

Top