понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 117 ново

Вестбрук потпиша нов рекорден договор со Оклахома

Најкорисниот играч за минатата сезона во НБА, Расел Вестбрук, ја продолжи верноста со Оклахома потпишувајќи го највредниот договор во историјата на овој спорт. Договорот е прилично комплициран, каква и што е праксата со големите договори, но се знае дека на крајот од шестгодишната соработка Вестбрук ќе биде побогат за 233 милиони долари. Договорот почнува да важи од следната сезона и вклучува опција за продолжување во сезоната 2022-23.

Вестбрук ќе инкасира вкупно 205 милиони долари за самиот потпис на новиот договор и уште 28 милиони како плата за следната сезона.

– Кога играш во Оклахома сити, играш пред најдобрите навивачи на светот. Со големо нетрпение чекам да дадам се за нив, градот и клубот, изјави Вестбрук.

Тој во минатата сезона просечно бележеше трипл-дабл со 31,6 поени, 10,7 скока и 10,4 асистенции по натпревар. Со неговото останување и засилувањата од типот на Кармело Ентони и Пол Џорџ, Оклахома би можела повторно да цели кон титулата.
Новата НБА-сезона стартува на 17 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top