понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 117 ново

Со партнерот не престануваме да се караме, нема секс, нема разговор

Ако се пронајдете во некоја од следниве изјави, побарајте стручна помош за надминување на кризата во врска.

Повеќе немаме секс. Отсуство на редовни сексуални односи обично е показател за проблеми во врската. Повеќемесечни паузи се причина за загриженост. Сексот ја создава и ја одржува емотивната блискост. Недостатокот на сексуалната желба обично е од психолошка природа.

Не се караме. Иако постојаните кавги не се добри за врската, нивното целосно отсуство укажува за рамнодушност на партнерите.

Ни се допаѓаат други луѓе. Некои експерти ја споредуваат здравата врска со комплетен оброк. Значи, ако сте го изеле највкусниот оброк на светот, тогаш не ви е важно што ви нудат – едноставно ќе одбиете. Ако се уште чувствувате желба да јадете, тоа значи дека апетитите не ви се задоволени.

Нашиот социјален живот се темели на групни излегувања. Ако чувствувате потреба да се дружите со многу луѓе, а не да бидете сами со партнерот, тоа е знак дека нешто не е во ред во вашата врска.

Заедничкото време го поминуваме во тишина. Ако во миговите кога сте заедно повеќе сакате да разменувате СМС-пораки со другарка ви или гледате телевизија, вашата врска не е во најдобра состојба.

Тајните ги задржуваме за себе.Несигурноста и недостатокот на доверба ја нарушуваат врската. Од друга страна, основите на среќна врска се довербата и комуникацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top