четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 35 ново

Бришење на македонската историја

Михајло Маневски

Никола Димитров се согласил македонско – грчка комисија да го одстрани иредентизмот во македонските  учебници и мапите

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коsијас гордо од Атина ја известува јавноста дека во Њујорк со “интетересната личност” Николас Димитров, како го прекрстува, се согласиле да се направи заедничка комисија која од  месец ноември во наредните четири месеци ќе ги разгледа школските учебници за да се отстрани иредентизмот и мапите што постојат.

Дали случајно искусниот министер и универзитетски професор Никос Коsијас нашиот министер го нарече НИКОЛАС? Таков дипломатски гаф неможе да му се случи на дипломат од таков калибар. Тоа е  смислен крајно непримерен потез. Самиот тој факт доволно јасно покажува во каква авантура се впуштил нашиот министер.

Зошто министерот Никола Димитров од Њујорк или после неговото  враќање не ја информира македонската јавност за формирање на ова комисија

Срамно е за толку голема и сериозна работа македонската јавност да дознава од грчкиот министер за надворешни работи. Ваквото однесување на Никола(с) Димитров преставува тешка злоупотреба на функцијата министер за надворешни работи и велепредавство на македонските национални интереси. Тој од македонската јавност прикрива толку сериозна информација. Зошто Никола(с) Димитров не ја информира македонската јавност за формирање на ваква комисија, а тоа го чини Никос Коsијас? Дали мислеше дека сето ова може да се прикрие и зошто?  Подмолно и нечесно Никола(с) Димитров  работи зад грбот на народот.

Кој државен орган одлучил да се прифати формирање на ваква комисија? Дали за тоа е информирано и расправало Собранието на Република Македонија, дали за ова прашање расправала Kомисија за надворешна политика на Собранието, дали одлучила Владата, кој одлучил?. Се е завиткано во некоја подмолна тајна. Зошто?  

Македонско–грчка комисија ќе го брише иредентизмот во учебниците

Нокола(с) Димитров прифакајки да се формира зедничка комисија која ќе ги разгледа школските учебници за да се отстрани иредентизмот и мапите што постојат, прифатил постоење на иредентизам во Македонија. Прифатил дека во Македонија постои налионалистичко движење и идеологии кои се заложуваат за менување на државните граници со цел етничките малцинства кои живеат во други држави да подпаднат под власт на државата каде што тој етникум е мнозинство. Тоа е дефиницијата на иредентизмот. Небулозно е вакво нешто и да се замисли, а камо ли за тоа да се формира некаква комисија.

Комисија за бришење на македонската историја  и култура

Заедничка комисија за одстранување на иредентизмот е комисија за бришење на македонската историја и кулчтура. Македонската историја им е трн во окото и на Грција и на Бугарија и сите сакаат да ја сменат по секоја цена. Многу им смета историјата и културата на македонскиот народ и сакаат со гумичка да ја избришат и да ни напишат нова историја по нивни терк. Владата на Зоран Заев тоа целосно го подржува под паролата отварање спрема соседите.

Дали ова заедничка комисија за одстранување на иредентизмот ќе го одстранува иредентизмот и од грчките учебници и мапи?  Дали ќе се читаат и грчките учебници и мапи и ќе се брише иредентизмот од нив. Дали воопште ќе се гледаат од комисијата грчките учебници? Никос Коsијас за ова ништо не говори. Од изјавите на Никос Коsијас чисто се сомневам во тоа.

Дали ќе се вратет имотите на македонците кои им се одземени со дискриминаторски закони и дали за шест децениското користење ќе и се плати надоместок на штета.

На овие и другите прашања можеби ќе ја  удостои јавноста со одговор министерот за надворешни работи Никола Димитров и ќе се подсети на неговата обврска за информирање на јавноста и за транспарентност во работата.

Што значи бришење на иредентизмот од учебниците и мапите?

Бришење на иредентизмот од учебниците и мапите значи дека никогаш не постоеле македонците во Егејска Македонија, никогаш немало геноцид врз македомскиот народ кој со брутално насилство, убиства и мачење, со палење на селата и градовите каде живееле е протеран и истребен од родните огништа, а неговите имоти се одземени со дискриминаторски закони.

Тоа значи дека народниот херој Мирка Гинова не била жива закопана и дека не постоеле плејада борци и херои кои ги положиле своите животи во борбата за слобода. Тоа значи дека треба да се брише од историјата дека повеќе од 25 илјади деца бегалци раселени по целиот свет како никогаш да не биле протерани и дека треба да се сруши споменикот во паркот Жена борец и спомениците на борците и хероите.

Тоа значи не смее да се говори и пишува за Лерин, туку за Флорина, не е за Кукуш, туку Килкиз и сите други топоними на селата и градовите. Тоа исто  така значи дека не смее да пее песната “ Вие чупи костурчанки “ или “Бело лице љубам јас“ или да се користи големата ризница на културното творештво, фолклорот и традициите и обичаите, кои треба да се избришат.

Млитав и неубедителен демант од МНР на изјавата на Козијас

Одкако Никос Козијас во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ изјави дека со неговиот македонски колега Никола Димитров договориле, како дел од мерките за градење на доверба, да се формира заедничка македонско-грчка комисија од експерти кои ќе ги разгледуваат македонските учебници, со цел да се отстранат сите иредентистички изјави, мапи и текстови, МНР за ТВ Сител појаснува дека во Њујорк министрите  разговарале за средба на македонски и грчки историчари, а не за формирање на заедничка комисија која ќе ги ревидира македонските учебници по историја.

Ако е така како што за ТВ Сител појаснува МНР, се поставува прашањето кој лаже и зошто лаже? Бидејки нема изјава од министерот за надворешни работи Никола(с) Димитров, вицепремиерката Радмила Шеќеринска доаѓа во припомош да ја вади ситуацијата, па таа вели дека најважно за новата Влада било  Македонија да оди напред, а добрососедските односи биле  клучни во процесот на евроинтеграција.

Демантот на МНР за ТВ Сител всушност значи потврда на изјавата на Никос Козијас. Зошто не се јави министерот да објасни за една толку сериозна работа. Дали на овој начин не бега од создадената ситуација и сака  на овој начин да ја одбегне одговорноста. Да беше поодговорен и транспарентен немаше да се нанесат толку големи штети на државата.

Под форма на формирање на заеднички комисии, како што е предвидено и во договорот за добрососедство со Бугарија, еднострано и многу штетно се задгрозуваат македонските национални интереси и Македонија се става во тотално подредена положба. Кој има интерс од тоа?

 

 

Top