сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Абортиравме половина држава

И за­мис­ле­те ка­ко ми бе­ше ме­не пред не­ко­ја го­ди­на ко­га по­ми­ну­вав по­крај оние пла­ка­ти на кои има­ше фе­тус и нат­пис „Не уби­вај!“ Се чув­ству­вав ка­ко зло­стор­ник. Се­га ме су­дат! За­мис­ле­те не­ко­ја де­вој­ка де­нес да се нај­де во иста­та си­ту­а­ци­ја

Спо­ред  по­да­то­ци­те на „Џон­сонс ар­хив“ (Johnston`s archive), од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја до 2010 го­ди­на се из­вр­ше­ни 218.338 абор­ту­си. Тоа се оние што се ле­гал­но при­ја­ве­ни, за кои се во­ди еви­ден­ци­ја. Во пер­и­о­дот од 1985 го­ди­на до 1991 го­ди­на, пак, се из­вр­ше­ни 205.534 пре­ки­ну­ва­ња на бре­ме­ност. Ар­хи­ва­та со­др­жи по­да­то­ци од 1960 го­ди­на, но не се оп­фа­те­ни си­те го­ди­ни. Па, та­ка, од се­дум го­ди­ни, во пер­и­о­дот до 1984 го­ди­на, абор­ти­ра­ле 116.412 же­ни, што би зна­че­ло 540.184 еви­ден­ти­ра­ни абор­ту­си. Или со дру­ги збо­ро­ви, тоа би зна­че­ло це­ло Скоп­је.

Од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то на­ва­му се бе­ле­жи пад на бро­јот на абор­ту­си. Но, струч­ња­ци­те ве­лат де­ка тоа не зна­чи де­ка има по­мал­ку абор­ту­си, ту­ку со отво­ра­ње­то при­ват­ни кли­ни­ки не се при­ка­жу­ва ре­ал­на­та број­ка.

– Мно­гу кли­ни­ки на­ме­сто пре­кин на бре­ме­ност, еви­ден­ти­ра­ат ин­тер­вен­ци­ја на ци­ста или не­ко­ја слич­на ин­тер­вен­ци­ја. Тоа го пра­ват нај­че­сто по ба­ра­ње на па­ци­ен­тки­те, осо­бе­но во по­ма­ли­те ме­ста, ка­де што же­на­та са­ка да ја за­шти­ти сво­ја­та при­ват­ност и ин­тим­ност. Но, бро­јот на абор­ту­си е да­ле­ку по­ви­сок – ве­лат екс­пер­ти­те.

Спо­ред стра­ни­ца­та „Абор­тус не“, ре­ал­на­та број­ка на из­вр­ше­ни абор­ту­си во 2008 го­ди­на не е 5.900, ту­ку 30.000 ре­ги­стри­ра­ни и не­ре­ги­стри­ра­ни пре­ки­ни на бре­ме­ност. Иста­та го­ди­на се ро­де­ни 22.945 де­ца. Спо­ред иста­та веб-стра­ни­ца, ко­ја по­ви­ку­ва на за­пи­ра­ње на абор­ту­сот, во 2008 го­ди­на три жи­во­та згас­ну­ва­ле за три ча­са, 82 се­кој ден, 574 пре­ки­на­ти жи­во­ти не­дел­но, 2.500 ме­сеч­но…

Тоа би зна­че­ло де­ка тие 540.184 би ста­на­ле двој­но по­ве­ќе или таа број­ка би над­ми­ну­ва­ла еден ми­ли­он. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та на „Џон­сонс ар­хив“, во 1987 го­ди­на би­ле ро­де­ни 38.571 де­ца, а би­ле абор­ти­ра­ни 32.150, од­нос­но бро­јот на абор­ти­ра­ни е мно­гу бли­зу до бро­јот на ро­де­ни де­ца. Иста е со­стој­ба­та и во 1989 го­ди­на ко­га би­ле ро­де­ни 35.927, а абор­ти­ра­ни ду­ри 30.442.

Абор­ти­рав, се­га ме су­дат

Струч­ња­ци­те збо­ру­ва­ат, по­ли­ти­ча­ри­те де­ба­ти­ра­ат, обич­ни­от гра­ѓа­нин до­жи­ву­ва… Еве што ве­лат не­кол­ку же­ни што би­ле во ди­ле­ма – да се ро­ди или да се абор­ти­ра.

Имав 24 го­ди­ни. Ед­но утро ста­нав со страш­ни бол­ки во пре­де­лот на по­ло­ви­на­та. Не мо­жев да се по­ме­стам од ме­сто. Оти­дов на ле­кар и вед­наш ми на­пра­ви­ја ренд­ген-сним­ка. Имав проб­ле­ми, ми пре­пи­шаа те­ра­пи­ја и се­кој ден при­мав ин­јек­ции. По два­е­се­ти­на де­на отка­ко ви­дов де­ка ми доц­ни цик­лу­сот, на­пра­вив тест за бре­ме­ност. Бе­ше по­зи­ти­вен. Бев збу­не­та, бе­ше збу­не­то и мо­е­то мом­че со кое ве­ќе две го­ди­ни бев­ме во вр­ска. Двај­ца­та ра­бо­тев­ме, не бе­ше проб­лем да се из­др­жу­ва де­те­то. Тој не­ка­ко бе­ше исп­ла­шен… Во­оп­што не ми пад­на на па­мет де­ка пра­вев ренд­ген-сни­ма­ње и де­ка тоа мо­же да би­де проб­лем. Слу­чај­но се­дев со по­ста­ра же­на со ко­ја раз­го­ва­рав за проб­ле­ми­те со мо­ја­та по­ло­ви­на. Ве­ли има­ла исти проб­ле­ми ко­га би­ла мла­да. Сре­ќа се сом­не­ва­ла де­ка е бре­ме­на, па не на­пра­ви­ла сним­ки. Ина­ку ќе го за­гу­бе­ла пло­дот. То­гаш ми свет­на во гла­ва де­ка ренд­ге­нот мо­же го убил пло­дот што го но­сам. Ве­ќе имав за­ка­жа­но прег­лед на ги­не­ко­лог. Оти­дов и ги­не­ко­ло­гот, ко­ја што бе­ше же­на, ми на­ста­пи мно­гу ло­шо. Во сти­лот ка­де ти бе­ше па­ме­тот ко­га има­ше се­ксу­ал­ни од­но­си. Во­оп­што не ме ис­лу­ша де­ка ме­не не ми е проб­лем на 24 го­ди­ни да ро­дам, де­ка сум во вр­ска и де­ка сме под­го­тве­ни да го за­др­жи­ме. Не стиг­нав ни­ту да ѝ ка­жам за ренд­ге­нот. Спо­ме­нав де­ка сум при­ми­ла те­ра­пи­ја и ту­ка ме пре­ки­на – ма тоа не е важ­но. Бев за­пре­па­сте­на и со сол­зи из­ле­гов од ор­ди­на­ци­ја­та. За­ка­жав прег­лед во ед­на од при­ват­ни­те кли­ни­ки. Та­му му об­јас­нив на до­кто­рот што се слу­чи­ло.

 – Јас не мо­жам да ти га­ран­ти­рам де­ка де­те­то ќе би­де здра­во. Ренд­ге­нот мо­же да оште­ти ед­на кле­тка, ко­ја утре мо­же да пре­диз­ви­ка го­ле­ми комп­ли­ка­ции во раз­во­јот на де­те­то. Не мо­жам ни­ту да пот­пи­шам де­ка абор­тус е за­дол­жи­те­лен. Из­бо­рот е твој – ми ре­че до­кто­рот.

 Го по­ви­кав и мо­е­то мом­че, кое ме че­ка­ше во хо­лот да го слуш­не мис­ле­ње­то на до­кто­рот. Мол­чев пет­на­е­се­ти­на ми­ну­ти. Не зна­ев што да пра­вам… Да пре­ки­нам жи­вот кој мо­же­би ќе би­де нор­ма­лен. Да ро­дам де­те кое утре ќе се из­ма­чу­ва во жи­во­тот по­ра­ди проб­ле­ми во раз­вој… Ди­ле­ма­та не бе­ше лес­на. Мол­че­ше и до­кто­рот. На крај го пог­лед­нав „та­тко­то“ на пло­дот што го но­сев. Ме гле­да­ше и ка­ко да ве­ле­ше не знам, од­лу­чи ти. Мол­че­ше. Му ка­жав на до­кто­рот де­ка ќе абор­ти­рам. Не­го­ви­от ко­мен­тар бе­ше – пра­вил­на од­лу­ка. Тоа го на­пра­вив ве­ќе след­ни­от ден. За тој ден не са­кам ни да збо­ру­вам. Ми тре­баа ме­се­ци за да се со­зе­мам… Де­нес имам 31 го­ди­на. И ре­чи­си се­кој ме­сец по­мис­лу­вам на де­те­то што мо­жев да го ро­дам. Се­га ќе оде­ше на учи­ли­ште. Ка­кво ќе бе­ше – ма­шко или жен­ско? Ќе ги има­ше не­го­ви­те очи или мо­и­те?

И за­мис­ле­те ка­ко ми бе­ше ме­не пред не­ко­ја го­ди­на ко­га по­ми­ну­вав по­крај оние пла­ка­ти на кои има­ше фе­тус и нат­пис „Не уби­вај!“ Се чув­ству­вав ка­ко зло­стор­ник. Се­га ме су­дат! За­мис­ле­те не­ко­ја де­вој­ка де­нес да се нај­де во иста­та си­ту­а­ци­ја. Ќе тре­ба да за­ми­не на за­дол­жи­тел­но со­ве­ту­ва­ње и та­му да ѝ ка­жат кол­ку е до­бро да го за­др­жи де­те­то, за кое по­стои го­ле­ма мож­ност да се ро­ди со пси­хо­фи­зич­ки на­ру­шу­ва­ња. Јас не ќе го из­др­жев тоа!

bremena

Ова е са­мо ед­на при­каз­на од ре­ал­но­ста ко­ја ни ја рас­ка­жа на­ша со­го­вор­нич­ка, ко­ја, се­пак, са­ка­ше да оста­не ано­ним­на. Дру­га­та при­каз­на до­а­ѓа од же­на што де­нес има око­лу 55 го­ди­ни.

Имав две де­ца ко­га доз­нав де­ка сум бре­ме­на по трет­пат. Не бе­ше неп­ла­ни­ра­но. Са­кав­ме да има­ме три де­ца, а са­кав­ме да има­ме и син со ог­лед де­ка пр­ви­те две ми беа де­вој­чи­ња. Но, до­кто­рот ми ре­че де­ка е ри­зич­на бре­ме­ност. Или јас или бе­бе­то не­ма да го из­др­жи­ме по­ра­ѓа­ње­то и де­ка е по­до­бро да ја пре­ки­нам бре­ме­но­ста до­де­ка е вре­ме. Три де­на не спи­ев. Се пре­вр­ту­вав во кре­вет. Не са­кав да го уни­штам жи­во­тот што го но­сев во се­бе. Но, не са­кав да им го на­пра­вам те­жок ни­ту жи­во­тот на мо­и­те две де­ца. Што би пра­ве­ле утре без мај­ка. Имаа по 4-5 го­ди­ни. На крај, под­др­жа­на од со­пру­гот, ре­шив де­ка ќе го ро­дам. До­кто­рот не­го­ду­ва­ше, но од­лу­ка­та бе­ше мо­ја. Ре­шив де­ка при­фа­ќам це­лос­на од­го­вор­ност за од­лу­ка­та и одам до крај. Де­нес имам три ќер­ки. Да го пос­лу­шав до­кто­рот, кој ми пот­пи­ша де­ка тре­ба да абор­ти­рам, ќе бев по­си­ро­маш­на. Мно­гу по­си­ро­маш­на за­што де­ца­та ми се нај­го­ле­мо­то бо­гат­ство во жи­во­тот.

Тре­та­та при­каз­на е со­се­ма по­и­на­ква. Же­на­та што се од­лу­чи­ла да ја пре­ки­не бре­ме­но­ста са­мо за да мо­же да за­ми­не со сво­јот со­пруг во странс­тво, ка­де што тој до­бил сти­пен­ди­ја за до­шко­лу­ва­ње, де­нес са­ка да има вто­ро де­те. Но, не мо­же. Ед­но­став­но си­те оби­ди да за­бре­ме­ни се за­луд­ни. Ве­ли де­ка ќе се кае до кра­јот на жи­во­тот за се­бич­на­та од­лу­ка што ја до­не­ла во мо­мен­тот ко­га не са­ка­ла да го оста­ви со­пру­гот сам да за­ми­не во странс­тво.

Таа од­лу­ка ќе ме про­го­ну­ва до кра­јот на жи­во­тот – ве­ли таа.

Три­е­сет и пе­тго­диш­на­та со­го­вор­нич­ка, пак, де­нес има две де­ца, но ни­ко­гаш не­ма да си про­сти што абор­ти­ра­ла пред 10 го­ди­ни:

Бе­ше доц­на на­ве­чер ко­га ми заѕ­во­ни те­ле­фо­нот. До­бив ло­ша вест. Мо­е­то мом­че, со кое бев­ме ре­чи­си пет го­ди­ни, за­ги­на­ло. Со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа, за­ги­нал на са­мо­то ме­сто. Бев на крај на сту­ди­и­те… мис­лев де­ка мо­јот жи­вот е за­вр­шен. По еден ме­сец од по­гре­бот сфа­тив де­ка ме­сеч­ни­от цик­лус ми доц­ни. Пре­пи­шу­вав де­ка се ра­бо­ти за стрес. Та­ка ми збо­ру­ваа и лу­ѓе­то око­лу ме­не. Но, по еден ме­сец, се­пак, од­лу­чив да одам на ле­кар. Доз­нав де­ка сум бре­ме­на. Го но­сев де­те­то кое е плод од љу­бо­вта со чо­ве­кот што го за­гу­бив. Ве­ќе бев во тре­ти­от ме­сец од бре­ме­но­ста. Не зна­ев што да пра­вам. Тре­ба­ше да го чу­вам са­ма, са­мо­хра­на мај­ка. Ка­ко што јас рас­тев. Ра­стев са­мо со мај­ка ми, ко­ја бе­ше чи­стач­ка. Ед­вај кр­пев­ме крај со крај. Не ра­бо­тев сѐ уште. Це­ла не­де­ла пла­чев, бев из­бе­зу­ме­на. Не зна­ев што да пра­вам. На крај сфа­тив де­ка не­мам мож­ност да го чу­вам тоа де­те и де­ка не­мам си­ли да го оста­вам во дом отка­ко ќе се ро­ди. Во мо­мен­тот нај­до­бро ре­ше­ние ми изг­ле­да­ше абор­ту­сот. Де­нес би са­ка­ла да го вра­там вре­ме­то на­зад. Но, не мо­жам, ве­ќе е доц­на.

Нев­ла­ди­ни­от се­ктор VS Ми­ни­стерс­тво­то

Ос­но­ва­та на ма­ке­дон­ски­от За­кон за пре­кин на бре­ме­но­ста по­тек­ну­ва уште од вре­ме­то на СФРЈ. То­гаш е до­не­сен за­кон во си­те шест ре­пуб­ли­ки, а про­це­ду­ра­та за абор­ти­ра­ње е по­де­ле­на на про­це­ду­ра до де­се­та и по де­се­та не­де­ла. Нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции сме­та­ат де­ка со из­ме­ни­те што се пра­ват де­нес се пра­ви за­кон што е по­ре­стри­кти­вен од тој што е до­не­сен во 70-ти­те го­ди­ни на 20 век. Тие пра­шу­ва­ат ко­ја е по­тре­ба­та да се до­не­су­ва за­кон по ит­на по­стап­ка.

Не до­бив­ме образ­ло­же­ние од ми­ни­сте­рот за здрав­ство, Ни­ко­ла То­до­ров, ко­ја е по­тре­ба­та од ит­на про­ме­на на За­ко­нот. За не­го  За­ко­нот не огра­ни­чу­ва ни­ту ед­но пра­во на же­на­та, ту­ку со не­го се уре­ду­ва об­ла­ста и се ме­ну­ва по­стој­ни­от, кој е стар че­ти­ри­е­се­ти­на го­ди­ни.

– Со пред­лог-за­ко­нот абор­ту­сот не е за­бра­нет, тоа е пра­во за кое сло­бод­но и са­мо­стој­но од­лу­чу­ва же­на­та. Мо­же да се из­ве­де од со­ци­о­е­ко­ном­ски и од лич­ни при­чи­ни, и тоа и по 10. ге­ста­ци­ска не­де­ла. Си­те овие по­сту­ла­ти што ги ис­пол­ну­ва­ат зем­ји­те кои на нај­ли­бе­ра­лен на­чин го опре­де­лу­ва­ат ова пра­во се пред­ви­де­ни и во пред­ло­же­ни­от за­кон. Раз­ли­ка­та ме­ѓу ста­ри­от и но­ви­от за­кон е во тоа што се че­ка три де­на отка­ко ќе се из­вр­ши со­ве­ту­ва­ње­то. Ма­ке­до­ни­ја има из­бра­но нај­кра­ток пер­и­од  за раз­ли­ка од дру­ги­те европ­ски зем­ји или зем­ји-член­ки на ЕУ кај кои е пред­ви­де­но по­дол­го че­ка­ње – од три во Гер­ма­ни­ја, пет во Хо­лан­ди­ја, шест во Бел­ги­ја, до 14 де­на че­ка­ње по со­ве­ту­ва­ње­то во Дан­ска – ве­ли ми­ни­сте­рот.

bremena

Нај­го­лем дел од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции се спро­тив­ста­ву­ва­ат на за­кон­ски­те из­ме­ни. Не­да Ко­ру­нов­ска од „Ре­а­ктор“ го ос­по­ру­ва за­дол­жи­тел­но­то со­ве­ту­ва­ње и во­ве­ду­ва­ње­то ко­ми­си­ја до де­сет­та не­де­ла од бре­ме­но­ста.

Nevena-Korunovska– По­ра­но не­ма­ше ко­ми­си­ја до де­сет­та не­де­ла, од­лу­чу­ва­те, ви ну­дат со­ве­ту­ва­ње, ва­ше е да­ли ќе го при­фа­ти­те или не, ре­ша­ва­те и се спро­ве­ду­ва ин­тер­вен­ци­ја. Ко­ми­си­ја по­стои над де­сет­та не­де­ла ко­га е во по­од­ми­на­та фа­за и по­стап­ка­та мо­же да е по­проб­ле­ма­тич­на. И не­ма  ана­ли­за од ко­ја мо­же да се ви­ди ка­ко од­лу­чу­ва­ла таа ко­ми­си­ја. Ми­ни­стерс­тво­то не из­ле­зе со ана­ли­за кои се проб­ле­ми­те од до­се­гаш­на­та имп­ле­мен­та­ци­ја на За­ко­нот и од кои при­чи­ни се пред­ла­га­ат но­ви­ни. Со но­ви­от за­кон се ус­лож­ну­ва по­стап­ка­та. По­ра­но се пот­пи­шу­ва­ше сог­лас­ност, но се­га се под­не­су­ва ба­ра­ње, а ни­кој не знае што ќе со­др­жи. Нас не ин­те­ре­си­ра да­ли ќе се нав­ле­гу­ва во мо­ти­ви­те, од­но­си­те да­ли ќе се проб­ле­ма­ти­зи­ра­ат и пр­ви­те де­сет не­де­ли или не. Дру­го спор­но пра­ша­ње е ка­де ќе се под­не­су­ва тоа ба­ра­ње. Тоа фор­мал­но ба­ра­ње си­гур­но не­ма да му се пре­да­ва на до­кто­рот, со тоа вед­наш ќе се знае зо­што си дој­ден. Се на­ру­шу­ва при­ват­но­ста. За­мис­ле­те што зна­чи тоа за ма­ли ме­ста.  По­тоа ле­ка­рот тре­ба да ве упа­ти на за­дол­жи­тел­но со­ве­ту­ва­ње. Ка­кво со­ве­ту­ва­ње, во ко­ја на­со­ка? Во ред е да се да­ва под­др­шка за од­лу­ка­та, но спо­ред тоа ка­ко е по­ста­ве­на одред­ба­та, јас сум скеп­тич­на де­ка тие со­ве­ту­ва­ња ќе одат во таа на­со­ка. Мис­лам де­ка ќе се оди на тоа да се пре­мис­ли же­на­та. Пред­но­ста од бре­ме­но­ста е лич­на. Спо­ред ме­не, тоа со­ве­ту­ва­ње е гу­бе­ње ре­сур­си, што ние ка­ко др­жа­ва ги не­ма­ме. Тие ре­сур­си по­до­бро да ги на­со­чи­ме кон же­ни­те што ре­ши­ле да ро­дат. Тие три де­на со­ве­ту­ва­ње се гу­бе­ње вре­ме – ве­ли Ко­ру­нов­ска.

Таа го по­со­чи и за­дол­жи­тел­но­то из­ве­сту­ва­ње на ро­ди­те­лот, од­нос­но парт­не­рот. До­се­га За­ко­нот ве­ле­ше де­ка парт­не­рот се из­ве­сту­ва до­кол­ку  же­на­та са­ка. Но, се­га е пред­ви­де­на каз­на за ле­ка­рот од 3.000 евра ако не го из­ве­сти парт­не­рот. Таа гло­ба оди и до 10.000 евра.

– Ка­ко до­кто­рот ќе има до­каз де­ка го из­ве­стил? Кој до­ктор би ри­зи­ку­вал, на при­мер, до­кол­ку парт­не­рот не е ту­ка? Ка­ко ќе до­ка­же де­ка го из­ве­стил парт­не­рот? Де­сет не­де­ли  се пре­мал­ку. Вие ко­га ќе доз­на­е­те, ве­ќе сте 5-6 не­де­ла, до­де­ка се ре­ши­те да оти­де­те на ги­не­ко­лог… Не­ма ни да оти­де­те во тие де­сет не­де­ли. И се­га до­де­ка да се спро­ве­де таа про­це­ду­ра, да по­ми­не тоа со­ве­ту­ва­ње. Ко­ја е таа служ­ба што ќе мо­же уште исти­от ден да ти за­ка­же со­ве­ту­ва­ње. И на крај уште и из­ве­сту­ва­ње­то на парт­не­рот. И ви­ка­ат на крај, се­пак, од­лу­ка­та е на же­на­та. Па, не е баш од­лу­ка­та на же­на­та ко­га вие ќе ин­вол­ви­ра­те тол­ку мно­гу лу­ѓе – до­да­ва таа.

Спор­но е из­ве­сту­ва­ње­то. Де­нес не­кои ра­бо­ти во оп­штес­тво­то се про­ме­не­ти. Има мно­гу же­ни што, иа­ко фор­мал­но не се раз­де­ле­ни, не жи­ве­ат со брач­ни­от парт­нер, има­ат друг парт­нер од ко­го и оста­на­ле бре­ме­ни. Кој се­га ќе би­де из­ве­стен? Има и же­ни што се жр­тви на се­меј­но на­силс­тво, кои би­ле оп­ло­де­ни од со­пру­гот спро­тив­но на сопс­тве­на­та вол­ја. Што ќе би­де ко­га до­кто­рот ќе го по­ви­ка со­пру­гот да го из­ве­сти де­ка не­го­ва­та со­пру­га са­ка да абор­ти­ра. Мно­гу же­ни де­нес не се ма­же­ни, а ре­ши­ле да ро­дат де­те. Мно­гу­ми­на оста­на­ле бре­ме­ни од не­кој што жи­вее во брач­на за­ед­ни­ца со дру­га же­на.

Ко­ру­нов­ска се сог­ла­су­ва де­ка тре­ба да се пра­ват из­ме­ни во за­ко­нот, но тие из­ме­ни да одат кон по­ли­бе­ра­лен за­кон.

– Точ­но е де­ка ние сме има­ле ли­бе­ра­лен за­кон и до­се­га спо­ре­де­но со не­кои дру­ги зем­ји. Но, прет­по­ста­ву­вам де­ка жи­ве­е­ме во де­мо­кра­ти­ја за пра­ва­та да се ши­рат, а не да се огра­ни­чу­ва­ат. По­раз е да се има по­ре­стри­кти­вен за­кон од тој пред 50 го­ди­ни. Из­ме­ни­те тре­ба да одат кон по­до­бру­ва­ње на она што ѝ се ну­ди на же­на­та, од ас­пект на на­чи­нот на кој се вр­ши абор­ту­сот. Са­ми­от ми­ни­стер ка­жа де­ка во Гер­ма­ни­ја нај­го­лем про­цент на из­вр­ше­ни абор­ту­си се со  ва­ку­ум, 15 се со ме­ди­ка­мен­то­за и 11 се со ки­ре­та­жа. Кај нас пре­ку 90 про­цен­ти од абор­ту­си­те се со ки­ре­та­жа, што е нај­ри­зи­чен и нај­за­ста­рен на­чин на абор­тус. И во Гер­ма­ни­ја тие 10 про­цен­ти се кај оние што не ус­пе­ал абор­ту­сот со ва­ку­ум или со ме­ди­ка­мен­ти. Ки­ре­та­жа­та е нај­о­пас­на за же­на­та. Ми­ни­стерс­тво­то тре­ба да се фо­ку­си­ра ток­му на тоа. Же­на што се ре­ши­ла, те­шко ќе ја пре­мис­ли­те, са­мо пси­хич­ки ја мал­тре­ти­ра­те – кон­ста­ти­ра таа.

Ко­ру­нов­ска се сог­ла­су­ва со мис­ле­ња­та де­ка со За­ко­нот им се да­ва шан­са на оние ди­ви ор­ди­на­ции кои вр­шат абор­тус без доз­во­ла. Стра­ву­ва де­ка мно­гу до­кто­ри се­га не­ма ни да са­ка­ат да из­вр­шу­ва­ат абор­тус, со што ин­тер­вен­ци­ја­та ќе ста­не не­до­стап­на и мно­гу ска­па. Тоа би зна­че­ло абор­ти­ра­ње во га­ра­жи за оние што не­ма­ат па­ри, а оние што има­ат ќе одат во Ср­би­ја, Бу­га­ри­ја…

Пишува: Билјана Зафирова

Текстот е објавен во 40-от број на неделникот „Република“ (7 јуни 2013)

Top