понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Ѕвездата од серијата Игра на Тронови Кит Харингтон се вери

Познатиот актерски пар својата веридба ја најавија на старомоден начин, во весникот The Times во оделот за бракови.

Се најавува веридбата помеѓу Кит, помладиот син на Дејвид и Дебора Харингтон од Вустершир и Роуз, средната ќерка на Себастијан и Кенди Лесли од Абердиншир – пишуваше во оваа најава.

Парот се запозна на сетот на хит серијата Игра на тронови во 2012 година кога глумеа заедно како заљубен пар во улогите на Џон Сноу и Игрит.

Допрва треба да го одредат датумот, но минатата недела им соопштија на пријателите и семејството дека се верени. Кит веќе со години сака да ја ожени Роуз, но прво чекаше да купи куќа. А бидејќи заедно живеат од јануари, мислеше дека е сега совршениот момент – изјави извор близок на парот.

Top