сабота, 16 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Тајфата ја претстави „Песно стара“

– Стара песна. Секој има некоја своја стара песна. Оваа песна сигурно има некој поширок контекст, но јас ја доживувам интимно и ме врати некаде назад за да можам многу појасно да видам во што ме чека во иднина. Јас немам некоја претензија да бидам пејач и верувам дека ја раскажав песната искрено и се надевам дека тоа се слуша – истакна Никола Јанков – Коки на денешната промоција за „Песно стара“.

Тој додаде дека е многу среќен со новата екипа и дека верува дека прават и ќе продолжат да прават интересни работи кои ќе ги побудат сите обожаватели на музиката.

– Старите песни се некое природно чудо коешто тешко може да го објасниме. Оваа песна е посветена на „старите песни“ од било кој жанр, тоа може да е некоја стара македонска песна, може да е некој рокенрол евегрин, а може да е и некој инструментал од Карлос Сантана. Многу сум среќен што оваа песна ми се појави од некаде. Мислам дека Коки е во некоја полна музичка зрелост и како човек чија животна судбина е музиката, песната ја доживеа многу лично и на тоа сум екстремно горд. Секој што ќе ја чуе ќе ја доживее на свој сопствен начин. За некого тие се некоја временска машина со која минатото и иднината се допираат и живеат заедно – рече Венко Серафимов, автор на музиката и текстот на „Песно стара“.

Аранжманот, мастеринг и продукција на „Песно стара“ е од Дејан Ѓоргиевски – Ѕене и неговото студио “Ѕене“ и заедно со Венко Серафимов тие се уметниците со кои Коки соработува уште од времето на „Дуле и Коки“. Придружните вокали се на Андријана Јаневска и Стево Цепишевски,

Виде записот е под режисерска палка на Антонио Павловски, продукција Storyteller. Во видео записот глумат актерите Жарко Спасовски и Никола Стефанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top