петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Павле Кузмановски одбележа јубилеј од 50 години творештво (галерија)

Во просториите на Матица ексклузив со изложба на слики и цртежи, се одбележа јубилејот 50 години творештво на академскиот сликар Павле Кузмановски. Пред бројни гости за делата на Кузмановски говореа Раде Силјан, Милован Стефановски и амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Познатиот ликовен уметник Павле Кузманоски годинава одбележува голем јубилеј-педесет години творештво,исполнето со богати содржини.

Павле Кузманоски (Тетово,1939) спаѓа во редот на уметниците кои изградија свој оригинален сликарски свет, препознатлив и високо вреднуван од страна на ликовната критика. Во изманиот петдецениски период организирал над педесет самостојни изложби, а со свои дела учествувал на бројни групни претставувања на нашето сликарство во Македонија и во странство. За своето творештво, Кузманоски е добитник на национални и меѓународни признанија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top