понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 82 ново

Груевски: Ова се избори на кои народот ќе го даде своето мислење за помрачувањето што ни се случува

На денешниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, пред граѓаните се обрати и претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој порача дека во целата оваа работа што се случува, во целото ова помрачување, во една таква атмосфера, освен како што кажа тој овие избори пред нас се локални, на кои што ќе се бираат градоначалници и советници, ова се избори на кои народот треба да го даде своето мислење за помрачувањето што ни се случува во овие четири месеци.

Тој напомена дека граѓаните бараат одговори за падот на просечната плата, за договорот со Бугарија, за неуставниот закон за јазиците, за падот на индустриското производство и на прометот во индустријата, за лажните ветувања дека ќе ги вработеле младите, дека ќе имало младинска гаранција.

-Се сеќавате на тоа нивно ветување, ќе имало младинска гаранција и секој млад човек шест месеци по дипломирањето ќе добиел вработување. Тука гледам многу млади луѓе, има ли некој млад човек да ја почуствувал таа младинска гаранција и да го повикале да го вработат заради тој проект? Нема и нема да има, затоа што веќе почнаа да менуваат, немало да биде тоа вработување, ќе било пракса на волонтерска основа, значи без пари, ама сега и за тоа нешто се замолчеа и за пракса нема, изјави Груевски.

Тој кажа дека токму поради ова овие локални избори ќе бидат многу повеќе од локални избори, но сепак како што кажа ќе бидат и локални избори каде граѓаните ќе одберат свој градоначалник, кој што ќе ја води својата општина и ќе одберат свои советници кои што ќе работат со него.кој

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top