вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Салата преполна, атмосферата победничка: Голема поддршка за Мисајловски и Трајановски во Ѓорче (видео)

Победничка атмосфера вечерва во домот на култура во Ѓорче Петров каде се одржа промоција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски и на општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски, како и листата на кандидатите за советници на општина Ѓорче Петров.

На промоцијата пред преполната сала се обратија двајцата кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски и Трајановски, а присутните имаа можност да поразговараат за проблемите и идните проекти во општината Ѓорче Петров.

Инаку Владо Мисајловски на 15 октомври ќе ја бара целосната поддршка од своите сограѓани за реализирање на своите планови и ветувања како кандидат од најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top