понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 117 ново

Пенов и МЗТ Скопје постигнаа договор за соработка

Македонскиот репрезентативец Игор Пенов (32 год., 202 см.) ќе му биде на располагање на тренерот Александар Тодоров за почетокот на новата сезона, откако официјално договори соработка со екипата на МЗТ Скопје Аеродром, офиоцијално потврдија од клубот.

Како што информираат од редовите на македонскиот шампион, МЗТ Скопје и Пенов постигнале договор од отворен карактер, што значи дека играчот може да замине во ситуација да добие друга понуда од странство или од домашен клуб, секако во договор со управата на „металците“.

Инаку, Пенов веќе извесен период тренира со сино-белите и настапи на сите седум пријателски натпревари. На него ова е враќање во таборот на МЗТ Скопје каде што претходно имаше две различни епизоди и тоа во периодот помеѓу 2004 и 2006 година односно 2010 и 2012 година.

Изминатите три сезони Пенов ги мина во дресот на Карпош Соколи, а уште има играно и за АМАК-СП, Вардар осигурување и Кожув. Летово, пак, дебитира за репрезентацијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top