вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Палевски најавува кривична: Манекенкиве и мештресиве од СЈО со фраерот Пеливанов ја претераа

Љупчо Палевски, Бизнисмен

Бизнисменот Љупчо Палевски најавува кривична пријава против обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, затоа што, како што вели, ја злоупотребувал правдата и се однесувал како се да му е дозволено.

„40 дена бев мирен и коректен, но манекенкиве и мештресиве од СЈО со фраерот Пеливанов ја претераа, злоупотребувач на правда и кркач на кривична пријава. Дечкото телефонски си запленува кеш по куќи, мислејќи дека се му е дозволено“ – напиша Палевски на својот фејсбук профил.

Како што дознава „Република“, обвинителите на СЈО по втор пат упаднале во домот на Палевски и му биле запленети пари и мобилен телефон.

Во краток разговор за „Република“, Палевски го потврдува случајот. Тој не извести дека неговите адвокати составуваат кривична пријава против СЈО и обвинителот Трајче Пеливанов, кои, според него, спротивно на законот од неговиот дом одзеле пари и мобилен телефон кои немаат никаква конекција со истрагата.

– Во среда сабајле, до сите релевантни институции во светот ќе се обратам за процедурата на Пеливанов и СЈО, вели Палевски, кој додава дека ваквите дејствија на СЈО се поради неговиот политички ангажман, и третата политичка опција која ја најавува. 

Јавно го повикувам СЈО, 24/7 сум подготвен да се расчисти предистражната постапка, завршува бизнисменот.

Специјалното Јавно Обвинителство го терети Палевски дека на youtube објавувал приватни телефонски разговори. Тој го негира делото и вели дека нема никаква врска со каналот „Никола Тесла“ кој ги објавува разговорите. Во исто време, постапката против него почна по истекот на рокот во кој СЈО можеше да поднесува обвиненија.

Љупчо Палевски е поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје. Минатата недела тој ја разбранува македонската јавност откако го поли со бои новинарот Бранко Героски по нивната расправија и закажаната „ферка“ на фејсбук. Палевски тогаш изјави дека ја продолжува шарената револуција во која учествувал на нејзиниот почеток.

Упадот од страна на СЈО, доаѓа по тој настан.

 

Top