петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Тренерот на Валенсија се повреди додека го славеше победничкиот гол (Видео)

Екипите на Реал Сосиедад и Валенсија синоќа одиграа еден супер интересен натпревар со 5 гола и два црвени картони, а победникот беше решен во самиот финиш на мечот кога Заза во 85. минута ги постави конечните 2-3.

Последниот дуел од вчерашните пет во најсилната лига во Шпанија започна отворено, па Сосиедад и Валенсија стрелаа по еднаш во првиот дел. Во второто полувреме паднаа уште два гола, а црвени картони во последната третина од дуелот добија Зубелида од редовите на домаќинот и Кондогбија од тимот на Валнсија.

Во самиот финиш на мечот италијанскиот напаѓач Заза му донесе победа на тимот на „Местаља“. Овој гол бурно го прослави тренерот на гостите, Марселињо кој при прославата се повреди и предизвика смеа на клупата на Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top