четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

По прогласување на ограничена епидемија на морбили: За викендов се вакцинирани стотина лица

Центарот за јавно здравје-Скопје информира дека за време на викендот се вакцинирни околу сто лица, кои биле во непосредба близина со заболените и коишто не се вакцинирани или немаат потврда за вакцинација на теријата на општина Гази Баба, каде што од петокот е прогласена ограничена епидемија. Епидемијата е прогласена во областа – кванташка депонија, информира Министерството за здравство.

„Екипи од ЦЈЗ-Скопје и ИЈЗ, заедно вршат и дополнителна проверка на вакциналните картони и ги повикуваат невакцинирани или непотполно вакцинирани деца. Воедно, наложено е на сите здравствени домови во државата, приоритет да им биде вакцинација, односно ревакцинација во училиштата против морбили, рубеола и паротит.

Екипите за имунизација, доколку има потреба, на територијата на поедини подрачја ќе вршат и теренска вакцинација, со цел изнаоѓање непријавени и воопшто невакцинирани деца на територијата на град Скопје.

Во меѓувреме, нема пријавени нови случаи на заболени со морбили (ниту клинички, ниту лабораториски), а петте претходно регистрирани случаи се во добра здравствена состојба“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Top