вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Трајановски: Позелено Скопје за здрави скопјани!

Заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните ќе бидат главните точки на кои ќе се фокусира актуелниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кој ќе ја побара поддршката од граѓаните за наредните четири години.
Во новата програма на Трајановски предвидено е да се направат 500 илјади метри квадратни нови зелени површини.

Животната средина и амбиенталниот воздух ќе бидат приоритет на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски кој денеска официјално ја започна изборната кампања.

Од паркот во Ново Лисиче на последна 5-ка, Трајановски порача дека за наредниот мандат предвидено е изградба на дополнителни 100 илјади квадратни метри парк кој ќе се протега од постоечкиот до ФФМ и позади него.

– Главна тема и моја заложба во идниот период ќе биде здравјето на граѓаните т.е граѓаните и нивниото здравје во наредниот четиригодишен период. За таа цел ќе работиме на проекти кој што ќе значат заштитата на животната средина, амбиеталниот воздух, а со тоа сметаме дека и е една од мерките на заштита на здравјето на граѓаните на Скопје, рече Трајановски.

Тој потсети дека изминатите осум години работел посветено на подигање на голем број на зелени површини и засадување на дрва како една од мерките за заштита на животната средина и на амбиеталниот воздух во градот Скопје.

Трајановски информираше дека во изборната програма покрај новиот парк во Ново Лисиче предвидено е изградба на нов парк во општина Карпош, од Александар Палас, покрај Вардар, кон Ѓорче Петров, реконструкција на вториот дел од градскиот парк во површина од 400.000 метри квадратни при што ќе се реконструира и обнови целокупното зеленило, а ќе се направи систем за наводнување, обнова на зеленилото покрај реката Вардар, засадување на околу 500.000 метри квадратни нови зелени површини во градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top