понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 83 ново

Делови од Карпош, Аеродром и Петровец утре без струја

Поради закажани технички зафати, утре од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Крчин“ во Општина Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Во истиот период од денот утре без струја ќе бидат и  корисниците од дел од ул. „Трета македонска бригада“, поточно броевите од 39 до 53 и околината во општина Аеродром.

Од 8.30 до 11.30 часот утре електрична енергија ќе немаат и корисниците од Ржаничино, Школо Петровец како и Радио Фар во општина Петровец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top