понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 35 ново

Летало на НАСА ќе и се приближи на Земјата за да може да престигне астероид кој е опасен за светот

Леталото на Американската вселенска агенција Осирис-Рекс за изучување на астероиди денеска ќе се приближи до Земјата на пат кон астероидот Бену од кој треба да земе примероци.

Осирис-Рекс, кој е лансиран пред една година ќе помине околу 18.000 километри од Земјата за гравитацијата на планетата да му даде забрзување со кое ќе може да стигне до Бену.

Леталото на НАСА би требало да стигне до малиот стероид следната година и до 2020 да земе примероци и со нив да се врати на Земјата.

Осирис-Рекс би требало да се прибличи до Земјата со брзина од 31.000 километар на час. Прво ќе надлета на Австралија пред најмногу и да се приближи на Земјата над Антарктикот. НАСА наведува дека презема мерки за претпазливост за леталото да не удри во сателитите околу Земјата.

Вселенската агенција истакнува дека верува оти Бену содржи примероци од првобитните материјали од кои е направен Сончевиот систем пред 4,5 милијарди години.

Бену кој е долг околу 500 метри и има маса од околу 60 милиони тона, е класифициран како потенцијално опасен астероид со веројатнод од 0,037 отсто да удри во Земјата на крајот на 22 век, соопшти НАСА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top