четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Колку имот има Кочо Анѓушев?!

ВМРО-ДПМНЕ повторно прашува колку имот поседува вицепремиерот Кочо Анѓушев и дали крие дел од него од јавноста и зошто го прави тоа.

„Ова се прашањата што се наметнуваат од информациите објавени во медиумите. Дали Анѓушев има фирми во странство што не ги пријавил во анкетниот лист и зошто не ги пријавил?

Медиумите објавија дека Анѓушев поседува фирма во соседна Србија, за производство на жичани производи, синџири и опруги, под името „Brako Wire Products“ која не можеле да ја најдат во анкетниот лист на Анѓушев. Јавноста се прашува уште колку фирми низ светот поседува Кочо Анѓушев, кои не се пријавени во неговиот анкетен лист. Што крие Анѓушев од јавноста и зошто не ја навел фирмата во Србија во својот анкетен лист како дел од имотот што го поседува.

Јавноста веќе виде како работи Кочо Анѓушев. Јавноста е сведок на криминалот кој го прави власта со цел да му се овозможи милионски профити на Анѓушев. Кога е Анѓушев во прашање законите не играат некоја важна улога. Законите беа прекршени во случајот хидроелектрани „Тополка“. Првото прекршување се случи кога владата спротивно на Изборниот законик изврши пренамена на земјоделско земјиште во градежно со цел фирмите на Анѓушев да можат да добијат одобрение за градба. Потоа, според информации во медиумите, фирмите на Анѓушев, отпочнаа градба на електраните без одобрението за градба да стане правосилно.

Тоа го видоа граѓаните и од личното признание на Анѓушев, дека тој одлучил дали ќе ги добие или не неговата фирма „Фероинвест“ тендерите од ЕЛЕМ. Со тоа јавно призна дека има судир на интереси и дека тој е одлучувачкиот фактор и во двете страни од договорот. Анѓушев демонстрира целосно беззаконие. Анѓушев се однесува како државата и законите да не важат за него„, порача Соња Гелова Стојанова.

Top