понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Ердоган: САД немаат право да и кажуваат на Турција какво оружје ќе купува

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека САД немаат никакво право да и префрлат нешто Турција во врска со набавката на руските противракетни системи С-400.

– Ако САД не можат да ни понудат подобар систем, тогаш нема што да ни кажуваат на таа тема. Ако на пример, Конгресот (на САД) не ни одобри испорака на пиштоли „СИГ Сауер“, немојте да мислите дека ние ќе чекаме тие да се предомислат, изјави Ердоган.

Тој нагласи дека на неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во Њујорк, воопшто не ни било покренато прашањето околу набавката на руските системи С-400.

На 12 септември Ердоган соопшти дека Турција потпишала договор со Русија за купување на системи С-400, на што реагираше портапролот на Пентагон, Џони Мајкл, кој изјава дека САД не се задоволни од одлуката на Анкара за набавка на руско оружје.

Подоцна, сличен негативен став кон набавката на системите С-400 од страна на Турција, изнесе и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

На ваквите забелешки Ердоган одговори дека ако Турција „не може да купи оружје од САД и НАТО, тогаш самостојно ќе преземе мерки за гарантирање на сопствената безбедноста“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top