понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Познати се составите на Металург и на Бешикташ за денешната средба

За неколку часа, почнува во 17 часот, во ВИП арената “Борис Трајковски“ ќе се одигра средбата од второто коло на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Бешикташ.

Двајцата тренери веќе ги одредија составите на своите екипи:

Металург: Арсиќ, Томовски, Анџелиќ, Димитриевски, Дрогришки, Гуглета, Илиќ, Јагањац, Кузмановски, Лапајне, Палевски, Пешевски, Петров, Танкоски, Токиќ и Велковски.

Бешикташ: Буљубашиќ, Демирезен, Доне, Ерсин, Гунај, Хендави, Каратај, Кесер, Крсманчиќ, Нуиќ, Озбахар, Прибак, Радојковиќ, Томиќ и Вражалиќ.

Судии на средбата ќе бидат Дмитриј Набоков и Сергеј Кулик, двајцата од Белорусија. Делегат на средбата ќе биде Словенецот Томо Водопивец.

До почетокот на средбата, влезници можат да се купат на касата на ВИП арената “Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top