понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Сугарески се почестил со алкохол за 24 илјади евра

Денеска ќе презентираме уште еден голем скандал. Во исто време кога владата нема пари за пензионерите и им го скрати покачувањето, се намалуваат платите, нема пари за загубарите како Колска, Железници, и редица други фирми, Министерството за транспорт и врски ќе потроши над 24 илјади евра за набавка на алкохол, истакна на денешната прес-конференција Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-По стапките на другите министри од владата на СДС и господинот Сугарески пред неколку дена реши да се почести себеси со парите на граѓаните. На електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на алкохолни, безалкохолни пијалоци и апетисани, според кој договорен орган е Министерството за транспорт и врски со кое што раководи Горан Сугарески. Проценетата вредност е над 24.000 евра, потенцираше Пешевска.

Таа вели и дека Владата на СДС нема срам, господинот Сугарески решил да набавува алкохол вреден десетици илјади евра. Сугарески отткако е министер за транспорт и врски единствено што направи е блокирање на се она што беше изградено и реализирано како инфраструктурни и капитални проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо за проекти парите на граѓаните ќе одат на купување на алкохол за потребите на владата и Министерството за транспорт. Ова е пример за расипништво. Бараме веднаш да се поништи оваа набавка и парите да се пренасочат кон реализација на проекти за граѓаните. На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе го казнат СДС. Граѓаните ќе кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Горан Сугарески и нивната екипа, рече Пешевска.

Реагираа од Министерството за транспорт и врски, од каде тврдат дека ниту објавиле јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки ниту пак планираат да прави било каква јавна набакви за оваа намена.

„Ова е само еден груб обид од страна на ВМРО–ДПМНЕ да ја манупулира целата јавност и да се дескредитира работата на Министерството за транспорт и врски.Лагите што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ во јавноста не се ништо друго освен непроверени информации со кои сакаат да создадат лажна слика за работењето на Министерството за транспорт и врски.Ги повккуваме од ВМРО –ДПМНЕ повтроно јавно да излезат и точно да и објаснат на јавноста, каде стои дека Министерството за транспорт и врски објавило ваква јавна набавка, се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top