вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Уапсен малолетник, осомничен за нападите во Лондон со киселина

Британската полиција уапси 15 годишно дете осомничено дека во Лондон извршил напад со киселина и повредил шест лица.

Детето е уапсено заради нанесување на тешки телесни повреди, пренесе Би-Би-Си.

Полицијата синоќа е повикана да интервенира по вербална кавга меѓу две групи мажи, кога била фрлена штетната супстанца.

Итна помош им е укажана на шест лица, а тројца се хоспитализирани.

Во прв момент се веруваше дека луѓето се повредени на повеќе локации, што предизвика страв дека станува збор за намерни напади. Полицијата ги отфрли ваквите наводи.

„Она што можеше да се смета за поголем број намерни напади, се испостави дека е еден инцидент меѓу две групи мажи“, рече извор од полицијата.

Никој од повредените не е животно загрозен.

Top