понеделник, 16 октомври 2017 | Вести денес: 88 ново

Сите зборуваат за средбата на Меланија Трамп и принцот Хари – таа првпат срдечна, тој првпат студен (видео)

Првата дама на САД Меланија Трамп и британскиот принц Хари се сретнаа вчера во Торонто, на отворањето на натпреварот Инвиктус гејмс. Поводот за средбата беше отворањето на „Инвиктус гејмс“, чиј основач е Хари, а Меланија пристигна со американскиот тим спортисти.

„Ви благодарам. Многу ви благодарам што дојдовте“, му рече Меланија на Хари со широка насмевка, додека тој беше многу воздржан и не се насмеа сè додека не застанаа да се сликаат.

Меланија, која инаку е позната по својот строг и сериозен израз, беше многу срдечна и топла, а принцот, кој е познат по својата срдечност и насмевка, беше многу сериозен и студен.

Ова го забележаа и медиумите, па британскиот таблоид Сан објави напис под наслов „Принцот на сила се смее за фотографија со Меланија Трамп“.

Инвиктус гејмс ќе биде и прва прилика за уште еден настан во животот на Хари. Таму тој првпат ќе се појави јавно со својата девојка Меган Маркл.

Top