четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

После серијата земјотреси, во Мексико проработи и Вулкан (Видео)

Вулканот Попокатепетл во близина на Мексико Сити исфрли пареа во вид на облак и малку пепел на околу два километри висина.

Експертите тврдат дека синоќашната ерупција не е поврзана со серијата на страшни земјотреси кои го погодија Мексико изминативе неколку дена.

Вулканот висок 5,426 метри има повремена ерупција од 1994.

Трите силни земјотреси во Мексико досега убија повеќе од 400 луѓе.

Top