понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

ЛШ: Вардар го победи Нант, Лазаров не постигна ниту еден погодок

Европскиот ракометен првак Вардар го порази француски Нант со 27-23 вечерва во Скопје во натрпевар од 2. коло од Лигата на шампионите, а македонскиот капитен Кире Лазаров кој од оваа сезона настапува за францускиот тим не постигна ниту еден погодок.

Најпрецизен на средбата беше Мораес со 6 погодоци, Кристопанс постигна 5, а Дибиров и Чупиќ по 4.
Во следното коло на 1 октомври Вардар повторно е домаќин, овој пат на екипата на Загреб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top