вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Граѓаните ја поздравија „Новата ера“ на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО+ВИДЕО)

Со еуфорична атмосфера во преполната сала „Борис Трајковски“ вчера почна новата ера на ВМРО-ДПМНЕ. Конвенцијата започна со изведба на македонската химна на пејачката Андријана Јаневска, испеана од илјадници грла во спортскиот центар.

Оние кои не може да присуствуваат во салата, настанот го следеа преку социјалните мрежи, кој се пренесуваше во живо каде имаше огромен интерес. Над 150.000 граѓани го гледаа видеото од преносот на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Не изостанаа ниту коментарите од граѓаните кои преку социјалните мрежи ја истакнуваат својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Илјадници граѓани пишуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која го обединува народот и дека треба убедливо на победи на претстојните локални избори.

Top