понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Груевски: Нашите кандидати мора да го сретнат секој гласач, да знаат да го решат неговиот проблем

Наша работа е да ги решаваме проблемите на сиромашните. Наша работа е да ги решаваме проблемите на невработените. Наша работа е да ги решаваме проблемите на младите, работниците и на пензионерите. Ние не сме тие што со празни зборови ја киднпираме иднината, лебот, работата на нашите луѓе. Ние не сме непринципиелни и неконзистентни како што тоа се други . Ние истото ова го говориме и правиме и во Скопје, и во Охрид и во Битола и во Прилеп и во Струмица и во Тетово и Гостивар, во Кичево и во Лозово. Насекаде го говориме и го правиме истото. Ние сме луѓе од збор и тоа што го мислиме тоа и го говориме и правиме. Ние ја сакаме нашата земја и нашиот народ. Ние за нив говориме со љубов. Ние ги исполнуваме нашите ветувања и не се плашиме од никого. Ние сме посветени и нашите мисли и срца се насочени кон целта за решавање на проблемите во Македонија. Тоа е нашето вистинско лице и така мора и така ќе работиме во иднина – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашната партиска конвенција што се оддржува во спортскиот центар Борис Трајковски, каде беа претставени и кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.

Тој додаде:

Нашите кадри, нашите кандидати за градоначалници, идните градоначалници во Република Македонија,  силно ја сакаат нивната работа, својот град и својата татковина. Создаваме тим на луѓе кои во меѓусебна соработка силно и посветено ќе работи на нашите идеали и на нашата визија. Оние кои само зборуваат и не работат нема лесно да не разберат. Оние чија што надеж произлегува од ширењето на лаги и озборувања нема воопшто лесно да не разберат. Оние кои ги занемаруваат вредностите на нашата земја, нема лесно да не разберат. Оние кои не решаваат проблеми на нашите луѓе и нашата татковина, кои бараат и создаваат гнасни и мрачни сојузи, нема да можат да не разберат. Ние, сите ние, народот на Македонија, сме силата и иднината на нашата земја, на нашата татковина. Народот е Македонија. Народот ја прави оваа земја тоа што е, наш сон и наша надеж.

Груевски потенцираше:

ВМРО-ДПМНЕ подава рака на сите. Им пружа рака и пријателски стисок на секој наша граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка или било каква друга припадност. Сите граѓани, од сите градови, сите региони, на возраст од 7 до 70 и над години. Сите сегменти на македонското општество работници, уметници, пензионери, доктори, учители ги сметаме дел од нас, од нашата работа и од нашите политики. Нема да има дискриминации ниту класификации. Никогаш нема да се дистанцираме од народот. И нашите кандидати ќе ги следат овие инструкции, тие ќе бидат рамо до рамо со својот народ. Грешките ги исправивме, ги исправаме и ќе ги исправаме и тоа е нашата предност, ги слушаме пораките на народот и се корегираме. Подобри сме и посмели, но и многу поодлучни и пофокусирани.

-Нашите кандидати, нашите активисти мора да затропаат на вратата на сите, мора да се ракуваат со секого, мора да се соживеат со сечиј живот и сечие срце. Мора искрено да ги зацврстат врските на меѓусебна почит и меѓусебно разбирање. Нашите кандидати мора да го сретнат секој гласач. Мора да го сослушаат и да знаат како да го решат нивниот проблем. Нашите кандидати да го знаат секој проблем во нивната општина, на нивните сограѓани. Затоа што ние сме тука да им помогнеме на граѓаните, да ги решаваме нивните потреби и нивните проблеми. Ја знаеме нашата одговорност кон сегашните и идните генерации. Имаме обврски врз нашите маала, нашите села, нашите градови, нашите општини, кон нашата дршава. И Македонија е подготвена да ни ги даде нашите обврски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top