вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Македонија меѓу првите 50 на глобалниот индекс за иновации

Македонија ќе биде тешнолошки лидер во Југоисточна Европа убеден е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вечерва на Конвенцијата на партијата пред преполната сала „Борис Трајковски“ нагласи дека училиштето, јавноста и медиумите треба да придонесуваат за развивање на култура на истражување и развој, а владата мора да има свои истражувачки центри за главните стратешки прашања за државата.

-Град Скопје мора да има истражувачки центар. Ова важи и за универзитетите и за големите партии и синдикатите. Стопанските комори мора да имаат свои истражувачки центри. Сите овие центри треба да бидат во постојан процес на комуникација и соработка, а од државата ќе добиваат соодветна поддршка. Наша цел е на глобалниот индекс за иновации да бидеме меѓу првите 50 земји, рече Груевски.

Top