вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Македонија да стане електро-енергетски независна

Нашата цел и визија во енергетиката е Македонија да стане во наредната декада електро-енергетски независна и и Македонија да се претвори во нето извозник  на електрична енергија и ние имаме кредибилитет и знаење тоа да го исполниме. Развој на крупни проекти за зголемување на енергетската стабилност и диверзификација на енергетските извори, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на техничките и комерцијалните загуби на електричната енергија и потикнување на програми за штедење на енергија – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на партиската конвенција што се одржува вечерва во СЦ Борис Трајковски.

Тој додаде дека ќе донесат нови закони со кои новоизградените објекти ќе мора да имаат сончеви колектори, и ќе дадате поддршка на остварувањето на оваа цел.

-Старите објекти кои трошат многу енергија со интелигентни градежни решенија може да се прилагодат на новите барања за енергетска одржливост, без притоа граѓанството премногу да се оптоварува – рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top