понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Платите и пензиите мора да се зголемуваат!

-Привлекувањето на странски инвеститори да отворат фабрики, поддршката на домашните компании за развој и отворање на нови работни места, капиталните инвестиции во инфраструктурата кои обезбедуваат вработувања, и намалувањето на невработеноста, ќе обебзбеди плата за оние кои сега ја немаат, и ќе доведе до позитивен притисок врз работодавачите да ги зголемат платите на постоечките вработени – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерапната конвенција на партијата.

Тој додаде дека овој факт, и фактот на социјално ориентирана граѓанска десница која се грижи за повозрасните, ќе доведе и до пораст на пензиите.

-Зголемените плати и пензии ќе имаат позитивно влијание и врз јавната потрошувачка на стоки и услуги за широка употреба што пак ќе придонесе за враќање на парите во стопанството, пред се во малиот и среден бизнис, и позитиван акцелерација и мултипликација на националното богатство. Поголемите плати особено во цивилните столбови на општетсвото (здравство, образование, судство) ќе придонесат и за намален степен на корупција – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top