вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Помали даноци – поголема економија!

Во наредната декада Македонија мора да остане земја со најниски даноци во светот, со најниска ефективна даночна стапка во светот, како што е и во овој момент, и со рамен данок – потенцираше Никола Груевски на вечерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот лидер нагласи дека промената во давачките мора да оди единствено надолу односно да е поповолна за даночните обврзници. Државата треба да зема помалку од поединецот, од работникот и од компанијата т.е. бизнисот, затоа што обрзниците најдобро знаат како да располагаат со вишокот на средства кои ќе останат кај нив наместо истите средства да одат кај државата.

-Ние имаме кредибилитет за решенија и поволни новитети! – рече Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top