вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Им досади на сите-срушена е куќата која 14 години стои на сред улица!

Славната „куќа шајка“ која неверојатни 14 години го блокираше сообраќајот на една широка улица во Шангај, конечно е урната, објави Би-би-си.

Газдите на куќата од 2003 година до денес упорно ја одбивале секоја понуда за да се иселат, зашто, како што велеле, понудената компензација била прениска. На крајот, годинава се согласиле на 2,7 милиони јуани, околу 412.000 долари.

Оваа куќа блокрираше улица со четири ленти. На тоа место улицата беше стеснета на две ленти.Кинеските државни медиуми објавија дека куќата била урната ноќе за час и половина.

Во Кина има многу вакви куќи, чии сопственици одбиваат да ги продадат па остануваат заробени меѓу автопатиштата и високите новоградби во брзорастечките кинески градови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top