вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Малоумник отсекол глава на бебе и плашел со неа полицајци на улица (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Осудениот убиец Михаил Елински (42) од Астрахан ѝ ја отсекол денес главата на својата 18-месечна внука од сестра и потоа со неа мавтал по улица, пренесуваат руските медиуми.

Елински бил пуштен од психијатриска болница во која минал шест години бидејќи мртов пијан со нож убил жена. Неговата сестра, мајка на убиеното девојче, изјавила дека „искористил момент на невнимание и го зграпчил детето кое во станот возело велосипед“.

„Се спремавме да излеземе, а тој одеднаш го зграпчи детето и го однесе во кујната. Зема нож, го молев да престане, но тој ме нападна и мене“, изјавила Татјана, сестра на убиецот.

Убиецот потоа истрчал на улица и почнал да мавта со главата на бебето. Набрзо пристигнала полицијата, а малоумникот мавтал со главата на бебето и ги нападнал полицајците со нож.

Полицијата го застрелала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top