вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Фаталната Сашка со години заведувала свештеник – завршил врзан со лисици, со фантомка на глава

Во јавноста протекле нови детали од незапаметениот секс скандал кој ја потресол католичката црква во Босна и Херцеговина, откако три лица биле уапсени и притворени под сомнение дека со снимки за секс го уценувале свештеникот И.К од Модрица и од него наплатиле 250.000 конвертабилни марки, за снимките да не се објават.

За уцената се осомничени Александар Васиљевиќ и Сашка Ковачевиќ од Добој, и Мило Јоксимовиќ од Модрица. Васиљевиќ и
Ковачевиќ биле уапсени на 16. август во акцијата “Стероид”, која ја спровеле инспектори на Управата на криминалистичката полиција при МВР на Република Српска и Добој, а во продолжение на акцијата на 28. август бил уапсен и Јоксимовиќ.

21-годишната Сашка го запознала свештеникот додека уште била малолетна, а откако се спријателила со него, побарал да и позајми 7.000 КМ. Веќе тогаш му предложила да бидат во љубовна врска, што тој одбил, дознава порталот Novosti.

Свештеникот наводно цело време се обидувал да ја извлече Сашка од лошото друштво во кое влегла. Во изјавата, која била опишана во предлогот за одредување на притвор на Сашка Ковачевиќ и 27-годишно момче Александар Васиљевиќ од Добил, свештеникот И.К шокирал со деталите од нивниот однос.

Рекол дека таа, кога наполнила 20 години, му кажала дека го сака и дека сака да има секс со него.

Свештеникот тврди дека се спротивставувал на нејзиниот предлог, но дека сепак прифатил да се најде со неа во една куќа, во која тогаш живеел. Пиеле алкохол, а таа продолжила да флертува со него, тврди И.К, па на крајот отишле во спалната соба.

-Со лисици го врзала за стол, а преку главата му ставила фантомка, под изговор дека се срами да ја види гола, се наведува во предлогот за притвор на осомничените.

И.К во тие моменти слушнал и други чекори во собата, па се посомневал дека со нив има и трето лице, а кога прашал дали има некој, одговор немало.

Тогаш легнале во кревет, и имале краток секс, признал И.К.

Меѓутоа, еден месец подоцна почнал кошмарот за свештеникот. Тогаш, имено, дознал дека имал секс со друга девојка, а дека Сашка тоа го снимала со намера да го уценува и од него да извлече пари. Најпрво барала 30.000 КМ, што тој одбил, знаејќи дека на снимката не му се гледа лицето.

Три месеци подоцна, свештеникот со Сашка повторно се среќава во еден ресторан, а таа на соседната маса му покажала девојка, за која тврдела дека е девојката со која тој имал сексуален однос. Тие тогаш се запознале, размениле броеви, и по три дена девојката дошла во неговата канцеларија на пијалак.

Таму пиеле вино, а И.К во изјавата тврди дека по само еден пијалак се чувствувал дрогирано. Девојката тоа го искористила, се качила на него и имале секс.

Следното утро му се јавила и од него барала 100.000 КМ. Во спротивно, снимката од нивниот секс ќе дојде во јавноста, се заканила таа.

Свештеникот на Сашка потоа неколку пати и ислатил 156.000 КМ, а за да ја исплати, наводно позајмувал пари од пријател, па дури и земал и пари од животното осигурување.
Потоа, повторно пресврт.

Сашка во септември минатата година го молела за прошка, но тој повеќе не сакал да има работа со неа. Таа го убедувала дека го сака, дека сака да се омажи со него и дека ќе му ги врати сите пари.

Кога видела дека ништо не помага, нарачувала бунди, скапа гардероба и мобилни на негова адреса, па му велела дека мора да ги плати или ќе има проблеми. Тогаш му рекла и дека е во врска со Васиљевиќ, па заедно почнале да го уценуваат.

Свештеникот на Васиљевиќ му исплатил 60.000 КМ и 4.000 евра, а му го дал и своето “Audi A4”. Уценувањето и заканите продолжиле во наредните месеци, и кога пвоеќе не можел да го издржи притисокот, пријавил во полиција.

Со решение на Основниот суд во Добој на сите им бил одреден едномесечен притвор, кој за Васиљевиќ и Ковачевиќ минатата седмица бил продолжен за уште 2 месеци.

Точка.мк

Top