вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА

Иако Светската фудбалска федерација (ФИФА) даде дозвола за регистрација на македонскиот бисер Елиф Елмас за турскиот гигант Фенербахче, сепак нашиот репрезентативец нема да може да игра за сино-жолтите до јануари. Причина е бидејќи турската федерација (ТФФ) ја одбила регистрацијата.

Фенербахче побара од ФИФА дозвола да може да го регистрира Елмас пред македонскиот фудбалер да стане полнолетен (за шест дена ќе наполни 18 години) и по речиси еднномесечна сага, светската централа ја испратила документацијата до ТФФ дека Фенербахче може да го регистрира фудбалерот. Но, сега Турците не ја прифаќаат истата.

Одбивањето да биде регистриран за Фенербахче, значи дека Елмас ќе биде само дел од младинскиот погон на турскиот гигант и дури во јануари кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок, ќе може Фенер да го регистрира и Елмас за потоа да заигра на официјален меч за турскиот клуб.

Top