понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Том Круз обвинет за убиство

Додека филмот „American Made“ во кој во главна улога е Том Круз, се спрема за некој ден да излезе во кино салите, јавноста се интересира за несреќата која се случила на неговото снимање во 2015 година.

На снимањето на филмот загинале двајца пилоти, поради што нивните семејства сега ги тужат режисерот Даг Лиман и актерот Том Круз.

Во обвинението се наведува дека актерот и режисерот сакале да снимаат навистина опасни сцени во воздух, како и дека го правеле тоа со голема брзина.

Неколку недели пред да загине, пилотот Пурвин ги повикал продуцентите и им објаснил дека неможе да издржи во такви услови, како и дека тоа е најопасниот проект на кој некогаш работел.

Прашање е кога ќе се случи несреќа, напишал Пурвин пред смртта.

Во несреќата која се случила на 11 септември 2015 година, освен Пурвин, загинал и пилотот Карлос Берл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top