четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 109 ново

Наполи со пресврт го совлада Лацио, Јувентус со минимална победа против Фиорентина

Две ремија и победи на Наполи, Јувентус, Милан, Торино, Аталанта и Сасуоло донесе петто коло во италијанската Серија А. Дербито на колото се одигра на „Олимпико“ во Рим, каде Наполи славеше над Лацио 1-4.

Домаќинот имаше предност по првиот дел со голот на Де Врај, но во првото полувреме Лацио остана без двајцата централни дефанзивци кои поради повреди предвреме го завршија мечот, по што во вториот дел следуваше блиц крик на Наполи. Во рок од пет минути Кулбали, Каљехон и Мертенс направија целосен пресврт, а Жоржињо од пенал во последната минута го постави конечниот резултат.

Јувентус на домашен терен со резултат од 1-0 ја совлада Фиорентина со голот на Манџукич од второто полувреме.

Беневенто-Рома 0-4
Аталанта-Кротоне 5-1
Каљари-Сасуоло -:1
Милан-СПАЛ 2-0
Џенова-Киево 1-1
Удинезе-Торино 2-3
Верона-Сампдорија 0-0

Top