вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Бајруш Сејдиу му испраќа поздрави на Заев

Тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, кој беше пуштен од затвор поради наводни здравствени проблеми, доцна синоќа од кафеана во Куманово му се заблагодари на својот спасител со пораката „Да живее Зоран Заев“.

Во понеделникот на пладне, од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.

-Куманово е плаво за живот во Р.М. Да живее Зоран Заев, порачува Бајруш Сејдиу.

Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Привремениот прекин е од медицински причини, кои очигледно немаат допирна точка со реалната здравствена состојба на тутунскиот бос.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Веднаш по неговото ослободување, како и она на Агим Красниќи, јавноста коментираше дека Владата ги ослободува Сејдиу и Красниќи, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top