понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Прогласена тридневна жалост во Мексико

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието прогласи тридневна жалост поради страшниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степени според Рихтер, во кој загинаа најмалку 225 луѓе.

– Мексико сочувствува во вашата болка, се вели во пораката од Кабинетот на мексиканскиот претседател на Твитер.

Спасувачите се уште се во потрага по преживеани. Тие ги пребаруваат рушевините од куќите, зградите и училиштата.

Пред само 11 дена Мексико го потресе уште еден силен земјотрес со магнитуда од 8,1 степен според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 90 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top