четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 107 ново

Мадрид домаќин на финалето во Лигата на шампионите 2019

Новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“ е избран да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите што ќе се игра на 1 јуни 2019 година. УЕФА ваквата одлука ја донесе по гласањето на 16 членови на нејзиниот Извршен комитет. Капацитетот на стадионот е со 67 703 места.

Во конкуренција за организација беше и стадионот во азербејџанскиот главен град Баку, но на овој стадион ќе се игра финалето во Лигата Европа, додека европскиот Супер куп ќе се одигра на стадионот на Бешикташ.

Мадрид по петти пат ќе биде домаќин на финалето на елитното европско фудбалско натпреварување, а претходните четири се одиграа на стадионот „Сантијаго Бернабе“. 

Top