вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Мртов маж пронајден на клупите пред скопската Градската болница

Шеесет и шест годишен маж од битолско починал вчера утрината на клупите пред Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Според пријавата во полиција, се работи за 66-годишниот М.Ц. кој  утрото околу 9 часот и 40 минути бил пронајден починал на клупите пред болницата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, по што се очекува да бидат познати причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top